Луис Енрике поднесе оставка како селектор на Шпанија

од Vladimir Zorba

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике поднесе оставка од лични причини. На негово место е назначен, Роберт Морено, изјави претседателот на фудбалската федерација на земјата Луис Рубиелес.

-Тоа беше одлука што ја донесе самиот Луис Енрике за што сме благодарни. Ќе имаме совршено сеќавање за него. Тоа е лична работа што не зависи од нас. Сметаме дека тоа е најдоброто нешто што треба да се направи, рече Рубиалес.

Слични содржини