Луис Фиго: Роналдо и Меси се како кавијар и тартуфи

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалот во Русија има свои sвезди, но сите беа во сенка на поранешната голема светска sвезда – Луис Фиго. Поранешниот португалски репрезентативец ја посети најголемата земја на планетата со цел да го промовира најважното споредно нешто на светот, па тамошните медиуми се „потепаа“ да разговараат со сопственикот на „Златната топка“ од 2000 година, во време кога многу фудбалски уметници танцуваат на зелениот тепих. Тој смета дека ги има и денес, а во моментов издвојува една.

„Најдобар фудбалер во моментов е Килијан Мбапе. Покрај тоа што е талентиран и веќе игра на највисоко ниво, тој е сè уште многу млад. Ако продолжи да напредува и да расте како фудбалер, тој ќе биде најдобар многу долго време“, рече Фиго.

Тој не се двоумеше да направи паралела помеѓу неговата епоха и сегашноста.

„Во мое време, 15-20 луѓе навистина можеа да ја освојат „Златната топка“ секоја година. Можеби тоа беше таква генерација … Во изминатите десет години, само двајца ја подигнаа оваа награда. Но, тоа не е поради недостаток на талент, едноставно двајцата, Лео Меси и Кристијано Роналдо, беа премногу добри“.

И, кој од двајцата е подобар?

„Тешко е прашањето. Тешко ми е да ги споредувам. Тоа е како да споредувам тартуфи и кавијар“, посочи Фиго.

Тој беше европски шампион во дресот на Реал. А ако можеше, сепак ќе променеше нешто во кариерата.

„Са освојам европска или светска титула (со Португалија)“, искрен беше Фиго.

Слични содржини