Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во текот на својата кариера се соочил со многу интересни прашања, но интервјуто со Кејлеб Присли дефинитивно ќе го памети до крајот на животот. Поранешниот НФЛ играч по завршувањето на спортската кариера се посвети на комедијата, а во својот препознатлив стил води интервјуа со познати личности. Во едно од прашањата, Дончиќ беше прашан дали знае дека неговиот добар пријател Бобан Марјановиќ, и покрај својата екстремна височина, нема проблем да испрати сигнал од мозокот и да обезбеди ерекција.
Разговорот ја допре и темата за Вијагра, односно дали Лука ја користи, како и за даночните стапки во Калифорнија, каде што се пресели откако беше разменет во Лос Анџелес Лејкерс. Не недостасуваа ни хумористични прашања за Словенија. Дончиќ не сакаше премногу да зборува за својата сонародничка Меланија Трамп, иако водителот се обиде да го вклучи во политички теми. Исто така, Присли забележа дека, според него, Словенците многу личат на Русите.