Лука Јовиќ брзо се снашол – заминува во Италија?

од Nikola Popovski

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе мора привремено да го напушти Реал Мадрид.

Тренерот Зинедин Зидан му рекол на Јовиќ дека клубот во кој ќе има минути е најдобар за него, што нема да биде случај и во Реал оваа сезона.

Ова го покажа натпреварот против Сосиедад во ремито без голови, во кое Јовиќ остана на клупата.

Италијанскиот Калчомеркато пишува дека Рома е можна дестинација за Јовиќ. Римјаните останаа без Един Џеко, кој оди во Јувентус и се очекува да биде заменет со Аркадиј Милик од Наполи.

Сепак, доколку не го завршат тој трансфер од 25 милиони евра, „Џалоросите“ ќе се свртат кон поранешниот фудбалер на Црвена звезда.

Јовиќ досега неколкупати бил во контакт со италијански клубови како Милан, Интер и Наполи, но и со враќање во Германија.

Слични содржини