Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ има уникатен договор во светот. Неговата ситуација во Милан е интересна, бидејќи е договорно обврзан со клубот до 30 јуни оваа година, по што ќе стане слободен агент. Сепак, тоа не значи дека ќе го напушти Сан Сиро.
Матео Морети, познат италијански новинар, открива интересни детали од договорот на Јовиќ. Имено, Јовиќ се согласил на договор 1+1+1+1 во август 2023 година. Овој договор значи дека на крајот од секоја сезона, Јовиќ и Милан ќе седнат заедно и ќе одлучат дали ќе ја продолжат соработката. Минатата година, клубот одлучи да го задржи и договорот беше обновен, но оваа сезона, двете страни ќе треба да донесат нова одлука.
Овој специфичен договор бил инициран од извршниот директор на Милан, Џорџо Фурлани. На овој начин, клубот има заштита врз основа на перформансите на играчот, па на крајот од секоја сезона одлучуваат дали ќе продолжат со него.
Јовиќ е во одлична форма, со четири гола постигнати во последниот месец, од кои два беа од огромно значење против Интер во финалето на Купот на Италија. Тој постигнува гол на секои 107 минути, а оваа сезона има постигнато четири гола на 12 настапи.
Иако не беше во најдобра форма во првиот дел на сезоната, иако имаше интерес од клубови како Монца, Монако и Бетис, Јовиќ одлучи да остане во Милан. Во вкупно 42 настапи за Милан, постигнал 13 гола и запишал две асистенции.