Лукаку: Еден ден ќе се вратам во Андерлехт

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелu Лукаку, кој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер Лигата, коментира дека со носталгија се сеќава на времето кога играл за белгиски Андерлехт. Според неговите зборови, во одреден момент од неговата кариера, тој ќе се врати во тимот.

„Отсекогаш сум сонувал да играм за Андерлехт. Поминав убави години таму, сигурен сум дека ќе се вратам таму еден ден, најверојатно на крајот од мојата кариера, но ќе се вратам“, изјави „деветката“ на Јунајтед.

За време на престојот во Андерлехт, Лукаку постигна 32 гола во 72 натпревари.

Слични содржини