Лукаку ги „сруши“ Нејмар и Роналдо

од Stefanija Kuzmanovska

Ромелу Лукаку вчера и официјално беше претставен како ново засилување на Челси.

Лондонскиот клуб плати 115 милиони евра на Интер за него, а Белгиецот со тоа стана играч за кого клубовите издвоиле најмногу пари во текот на својата кариера. Вкупно 327,56 милиони евра.

Нејмар останува втор со 310,2 милиони евра, а Лукаку го престигна и Кристијано Роналдо, кој падна на третото место со 230 милиони евра.

Лукаку кариерата ја започна во Андерлехт, од каде замина во Челси. „Сините“ прво го испратија на позајмица во ВБА, потоа во Евертон, кој потоа го откупи. Од „Гудисон“ замина во Манчестер Јунајтед, а потоа и во Интер. По две години во Серија „А“ се враќа во Премиер лигата.

За Интер одигра 95 натпревари, постигна 64 голови и запиша 16 асистенции.

Слични содржини