Лукаку: Интер е вистинскиот клуб за мене, не можев да останам во Јунајтед ниту минута повеќе

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку смета дека гигантот од Милано е тимот што му бил потребен откако не сакал да остане ниту една минута подолго во Манчестер Јунајтед.

Белгиецот премина на „Меаца“ по голема летна сага и на крајот се очекува да биде главен играч во нападот на тимот и да го замени Мауро Икарди, на кого Антонио Конте немаше намера да се потпира и кој замина во ПСЖ.

„Првото еврофинале што го гледав во животот беше со Интер. Беше против Шалке за Купот на УЕФА во 1998 година. Никогаш нема да го заборавам тоа“, изјави белгискиот фудбалер за „ЕСПН“.

„Ова можеби е тимот што ми треба. Имам љубов кон Интер и за мене беше совршено време да ја напуштам Англија и да пробам нешто ново. Искрено, не можев да останам во Манчестер Јунајтед, дури ни минута подолго“.

„Имаме специјална група на играчи овде, а имаме и вистински тренер да направиме навистина одлични работи. Интер е амбициозен клуб и сите ние сакаме тој да се врати таму каде што му е местото и да има голем успех. Сакам да помогнам работите да се случат тука. Тоа беше вистинскиот трансфер за мене“, заврши Белгиецот.

Слични содржини