Лукаку не дозволи Јувентус да му „избега“ на Интер (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку беше двоен стрелец во победата на Интер вечерва на гостувањето кај Удинезе со 2:0. Белгиецот двата гола ги постигна во второто полувреме.

Дваесет и шестгодишниот Белгиец постигна осум голови на последните осум натпревари за Интер и стигна до 16 гола на 22 натпревари од италијанскиот шампионат за трето место на листата на стрелците. Поефикасни од Лукаку се напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо со 19 и Чиро Имобиле од Лацио со 25 гола.

Интер со новите три бода му се доближи на лидерот Јувентус на три негатива. Сега „неро-азурите“ имаат 51 бод, Јувентус е прв со 54.

 

Слични содржини