Лукаку: Останувам во Интер

од Stefanija Kuzmanovska

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку изјави дека ќе остане во Интер, иако имаше најави дека тренерот на новиот европски шампион Челзи, Томас Тухел, многу би сакал да го донесе на Стемфорд Бриџ.

„Останувам. Убаво ми е во Интер“, рече Лукаку за белгиската телевизија ВТМ и со тоа ги отстрани сите дилеми.

Силниот напаѓач даде огромен придонес во титулата италијански шампион, кој Интер го освои по 11 години, имајќи предвид дека со 24 погодоци и 11 асистенции беше прогласен за МВП на Серија А.

Поради финансиски проблеми, челниците на Интера решија да продадат неколку играчи, што доведе до разделба со тренерот Антонио Конте, кој го напушти клубот.

Слични содржини