Лукаку со интересен предлог до шефовите на Премиер Лигата

од Vladimir Zorba

Ромелу Лукаку предложи ФА да воведе меч меѓу најдобрите фудбалери, слично на ОлСтар натпреварот во НБА.

Во него ќе се соочат еден против друг тимови, чии групи се определени со гласање на фановите.

„Имам идеја, луѓе – НБА имаат ОлСтар натпревар!“, напиша 24-годишниот белгиски напаѓач во Твитер.

„Дали не мислите дека треба да направиме таков и за Премиер Лигата?“ Северниот наспроти Јужниот дел! Или со гласање на навивачите, што мислите?“, додаде играчот на Манчестер Јунајтед.

Слични содржини