Лукаревска: Граѓаните алармираат, ние постапувавме

од Берта Китинска

„Јас би била среќна да имаме 300 инспектори и контролори. Тие 300 луѓе кои вршеа контроли во маркетите не се сите инспектори, туку беа 300 даночни службеници – дел инспектори, но и конторлори и овластени службени лица. Тоа беше така направено за да можеме во пократко време да ги завршиме контролите и да не правиме штета на даночните обврзници“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Економски магазин“ на Алсат.

Таа објасни дека во одредени маркети имало дури и по 20 службеници од УЈП, каде што заедно со вработените во маркетите ја констатирале моменталната состојба во маркетите и магацините.

„Ова беше обемна операција, која ја организирамве за кратко време. Правиме соодветни планови и анализи за како да изведеме вакви акции и во останатите маркети, но и да не ги запоставиме тековните процеси во управата“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП додаде дека нивна тенденција не било да се затвораат маркетите, туку на тие кај кои се пронајдени неправилности им биле изречени глоби.

„Утврдивме во различни градови, а кај подружници на исти маркети дека се уште на фискалните сметки стоеше 5 отсто ДДВ за оние производи каде што требаше да стои 0. Граѓаните алармираа и ние секако постапивме на терен“ рече директорката на УЈП.

Таа додаде дека УЈП извршила контроли не само во големите маркети, туку и во месарите и млечните рестори за да се види колку се почитува одлуката на Владата.

„Целта на сите мерки што беа донесени беше да се намали ценовниот шок и да не се прави профитерство во кризно време. А дали целта на даночните обрзници беше дека сакаа да го изиграат системот ќе треба да ги прашаме нив. Ние бевме будното око на граѓаните за да превенираме неправилности“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека од 611 контроли биле издадени 114 казни и најави дека акцијата на УЈП ќе продолжи и во останатите ланци на маркети во следниот период.

Слични содржини