Лукаревска и Костовски не се повеќе директори на УЈП и на Службен весник

од Nikola Popovski

Сања Лукаревска и Мартин Костовски, кои станаа пратеници во Собранието од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме“ по одржаните парламентарние избори, се повлекуваат од директориските места во Управата за јавни приходи, односно Службен весник.

Лукаревска стана пратеник како кандидат на СДСМ и коалицијата „Можеме“, која освои најголем број на мандати по изборите на 15 јули и најавува дека ќе го добие мандатот за состав на влада.

Таа, засега не знае дали ќе биде именувана на некоја функција, ако СДСМ состави нова влада.

И Костовски вели дека сега е пратеник и тоа планира и да остане.

Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Омери, а на Службен весник Татијана Лалчевска.

Слични содржини