Лукаревска: Компаниите кои ќе донираат за спортските ваучери, ќе бидат делумно ослободени од Данок на добивка

Во рамки на денешната прес конференција, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска посочи дека од голема важност за развој на спортот се предвидените ваучери за спорт.

„УЈП како институција има улога за развој на спортот. Од 1.1.2019, стапија на сила измените за ваучерски систем. 10 милиони евра годишно чинат овие ваучери и со тоа се намалува данокот на добивка. Имено, на компаниите кои донираат им се намалува данокот на добивка најмногу до 50%. УЈП води евиденција за дадените донации согласно ваучерите“, истакна Лукаревска.

Во однос пак, на неисплатените плати од страна на работодавачите кои зеле финансиска помош од државата, Лукаревска вели:

„Во интерес на ова, можам да кажам дека контролите вродија со плод, бидејќи останаа уште 258 компании кои не исплатиле плата. 226 од нив не исплатиле плата за еден месец, 6 компании за три месеци, а останатите за две плати. Направивме присилна наплата кај дел од овие компании кои не исплатиле“, посочи Лукаревска.

Слични содржини