Лукаревска: На граѓаните им е доста од стравувања дали утре ќе се случи војна или ќе слушнат за нови тепачки во автобус

од Vladimir Zorba

Долго сум дел од партијата која донесе позитивни промени во државата после 11 годишното владеење на ВМРО ДППМНЕ, време кога се случи драстично уназадување на државата во секоја смисла на зборот, од секој аспект, во секој сектор. Целосна ерозија на системот. И верувам дека на граѓаните им е доста од стравувања дали утре можеби ќе се случи војна или дали ќе слушнат за нови тепачки во автобус. Граѓаните сакаат решенија за нивните реални проблеми и тоа го прави СДСМ во изминатите три години, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за 24 инфо.

– Граѓаните сакаат да слушаат идеи и реализирани проекти кои градат светла иднина, во која нивните деца и тие остануваат дома, тука работат, тука градат семејства и тука се задоволни и среќни. Во оваа кампања и така влегувам, како носителка на листата за пратеници од ИЕ2 и сакам да зборувам за она што го правиме сега и за она што ќе го направиме во следните четири години, да гледам напред, не назад, немаме време за губење, вели таа.

Како млад политичар, продолжува Лукаревска, верува дека може да се променат работите и во културата на комуникација во политиката.

– Ние сме во политички натпревар на идеи и решенија, не сме и не треба да бидеме во гладијаторска арена, затоа што негативната енергија се пренесува и на граѓаните, на младите луѓе. Сите граѓани ни се потребни, со нивната творечка енергија и капацитет. Социјал демократскиот сојуз никогаш не била деструктивна партија. И во оваа кампања разговараме со граѓаните, ги слушаме нивните потребите и нудиме квалитетни и брзи решенија, додава директорката.

Слични содржини