Лукаревска: На ред е ЕУ да ги испорача ветените очекувања

од Берта Китинска

Навистина мислам дека се за поздравување овие позитивни сигнали којшто стигнуваат овој период којшто ги слушаме овие изминати денови. Република Северна Македонија направи многу, Владата на СДСМ направи многу во целиот процес за почеток на преговорите со ЕУ, вели Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ.

-Исто така можам да кажам дека ги исполнивме сите оние критериуми за отпочнување на преговарачка рамка којашто всушност беше и потврдена на последната посета на премиерот Заев во Брисел.Имаме позитивен извештај, имаме позитивна одлука, имаме поддршка и одлука нели од сите 27 земји членки на ЕУ сега на ред е всушност и Европската Унија да го испорача она коешто е ветено, тие се очекувањата, кажа Лукаревска.

Слични содржини