Лукаревска: Над 5500 граѓани својот поврат од МојДДВ го донираа за здравствениот сектор

од Берта Китинска

„Преку МојДДВ видовме можност за поддршка на македонските производители кои претрпеа економски штети од кризата предизвикана од коронавирусот. За купените македонски производи веќе неколку месеци се враќа ДДВ во висина од 20 проценти, додека за останатите производи се враќа 10 проценти од данокот искажан на сметката. Со ова МојДДВ ги враќа парите кај граѓаните, ја намалува сивата економија, но и се солидаризира со најпогодените од кризата поттикнувајќи потрошувачка на македонски производи“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа додаде дека минатата година се реализираше и Викенд без ДДВ со цел зголемување на потрошувачката на македонски производи.

„Над 204 илјади граѓани купиле макеоднски производи и услуги, како и компјутерска опрема со вкупен промет од над 558 милиони денари, за што е исплатен поврат на ДДВ во висина од над 122 милиони денари“ кажа Лукаревска.

„Граѓаните ја согледаа важната улога и одговорност која што ја имаат во овој процес, а тоа е активно учество во намалување на неиздавањето на фискални сметки, со тоа што како партнери на УЈП, ги пријавуваат ваквите појави“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП дополни дека уште од почетокот на мерката, има голем број на пријави за неиздавање на фискални сметки, со што тие активно учествуваат во сузбивањето на сивата економија.

„Мило ми е што во периодот кога државата се соочи со економска и здравствена криза, МојДДВ го покажа и својот хуман аспект. Понудивме можност корисниците да го донираат својот поврат на ДДВ. Преку 5500 граѓани ја искористија  оваа можност и својот поврат го донираа за здравствениот сектор“ рече Лукаревска.

Слични содржини