Лукаревска: Нашите другари се вистинското решение за Тетово, гласајте за бројот еден

од Nikola Popovski

За инат не се поддржуваат добри проекти, постојано празни ветувања и удирање во гради со туѓи проекти. Не е лошо, туку е полошо. Граѓаните очекуваат модерни општини, но од тоа само една одредена нула. Ова се избори за Совет во општината. Тоа се луѓето пред кои што градоначалникот мора да биде отчетен и транспарентен. На 20-ти август да не дозволиме да се изберат луѓе кои ќе бидат само покритие. Да бидеме мотивирани, истакна потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на претставувањето на советничката листа на СДСМ и Коалицијата од општина Тетово.

Таа потенцира дека кандидатите на СДСМ за Советот во општината нема да молчат, ако не работи добро градоначалникот.

-Нашите другари се вистинското решение за Тетово и тие се новата енергија, која после 20-ти август ќе бликне во овој град. Тие советници треба да туркаат напред и да бидат гласни. Да нудат решенија за секојдневните проблеми. Централната власт не го заборави Тетово и ќе продолжи да придонесува за развивање на овој град. Одлучно гласајте на 20-ти август за бројот еден. Гласајте за никој да не биде над вашиот глас, да имате убави улици, паркови, тротоари, чист воздух. Тоа е обврска, рече Лукаревска пред присутните.

Потпретседателката на СДСМ побара да им се даде шанса на кандидатите за советници.

-Еден за сите, сите за еден, за Тетово да тргне напред, рече меѓу другото Лукаревска.

 

Слични содржини