Лукаревска: Не е патриотски и хумано за државата да се бараат избори

од Берта Китинска

Треба да има лидерска средба, но на конкретни теми со кои ќе се решаваат проблемите на граѓаните, Мицкоски бра средба за предвремени избори, вели директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во „360 степени“ на АлсатМ.

„Опозицијата треба да седне и да дискутира за посензитивните теми, што значат интерес за сите граѓани, а не да собира евтини политички поени“ изјави Лукаревска.

Таа додаде дека изборите треба да се одржат во редовниот термин, во 2024 година, до кога треба да се даде шанса и на новите градоначалници, од кои голем дел се од ВМРО-ДПМНЕ да ги покажат своите капацитети.

„Сега се справуваме со ковид-криза, која се уште не е за занемарување, имаме безбедносна криза, имаме енергетска и економска криза и во ваква состојба не е патриотски и хумано за државата да се бараат избори“ рече Лукаревска.

Слични содржини