Лукаревска: Нема монтирани случаи, сите тефтерчиња на подобни и неподобни се искинати

од Aleksandar Petrovski

Ние мораме и можеме да воведеме ред, дисциплина и правда, правната држава ќе функционира. Нема монтирани случаи, нема закани со ендеци, сите тефтерчиња на подобни и неподобни се искинати, рече вечерва на трибината во Гази Баба, носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска.

Лукаревска рече дека СДСМ ќе работи и на менување на перцепцијата за јавната администрација.

-Нема вечни раководители, на младите луѓе ќе им дадеме шанса да напредуваат, администрацијата ќе им служи на граѓаните, рече Лукаревска.

Таа истакна дека СДСМ во наредниот пат ќе се посвети на борбата против криминалот и корупцијата.

Ќе отпочнеме преговори со Унијата, нашата заложба и цел се веќе реалност, а на оние што не веруваа сега им е многу криво. Затоа на 15 јули ќе победиме заедно со вас, затоа што знаеме и можеме, рече Лукаревска.

Слични содржини