Лукаревска: Никој не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето“, изјави денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„И обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните идеи за избори да се организираат среде лето, кога најголем дел од граѓаните одат на одмор. Затоа, според законските прописи изборите треба да се одржат на 5 јули. Државата и институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот и се подготвени да огранизираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него.

На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас и ќе обезбедат целосно функционални и легитимни институции“, посочи таа.

Слични содржини