Лукаревска: Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра

од Nikola Popovski

Преку одговорни државнички политики за само три години СДСМ ги оствари стратешките цели на државата. На 15 јули излезете и гласајте, одберете да продолжиме заедно на прав пат кон ЕУ и НАТО, не дозволувајте враќање на изолацијата и обнова на режимот, изјави денеска Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2 од СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Таа нагласи дека денес сме 30-та земја членка на НАТО, еднакви во најсилниот и најважен воено-безбедносен сојуз. и сме пред почеток на преговори со ЕУ.

– Целосно го заштитивме идентитетот, ги зачувавме државните и национални интереси. Разобличени се лагите на ВМРО – ДПМНЕ и на Христијан Мицковски. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност, денес се признаени од сите. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома, рече Лукаревска.

Според Лукаревска, понудата на 15 јули е кристално јасна, одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад.

– Дали ќе растат платите или ќе се полнат џебовите на луѓе на Груевски, дали ќе се заштитиме од КОВИД-19 или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос и паника. Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или ќе оставиме Мицковски да ги спасува криминалците. Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија. Затоа почитувани, немојте да мислите дека работата е однапред завршена, важно е, излези и гласај да продолжиме заедно да ја градиме европската иднина на државата, повика Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2 од СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Слични содржини