Лукаревска од Куманово: Нова развојна економија, нов развоен концепт

од Aleksandar Petrovski

Носителката на листа од ИЕ2, од коалицијата „Можеме“, Сања Лукаревска, денеска го посети локалитетот „Студена вода“ кумановско, кој изминатиов период нтензивно се уредува и ќе стане атрактивно излетничко место.

Локалитет интензивно се уредува, бидејќи потенцира Лукаревска важно е секој потенцијал да биде искористен и ставен во функција на граѓаните. За уредувањето на ова излетничко место кое се наоѓа на пет километри од градот и пристапниот пат, вложени се над 11 милиони денари, најголем процент од програмата за рурален развој.

– Во изминатите три години докажавме дека знаеме да ги решаваме работите на ефикасен и на праведен начин, дури и во најтешкото не се откажавме, туку продолживме напред и успеавме. За следниот мандат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ обезбедуваме нов развоен концепт, нова македонска развојна економија, за стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, рече Лукаревска.

Кризата предизвикана од коронавирусот, додава Лукаревска ја виделе како можност за брза трансформација на економијата, посочувајќи ги мерките наменети и за граѓаните и за компаниите. Во наредниот период, ќе продолжи поддршката за домашните и странските компании со 600 милиони евра, 300 од буџетот и 300 од европските фондови.

– Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции за следните четири години, базирани на иновации и одржливост-додава Лукаревска. Презентирајќи ја програмата, таа посочи дека невработеноста ќе се намалува за три проценти годишно и ќе биде едноцифрена до крајот на мандатот. СДСМ и Коалицијата вели обезбедуваат конкретни развојни мерки за граѓаните, бизнисот, минималната плата ќе порасне на 20.000, просечната на 34.000 денари, ќе растат и пензиите, најниските за 21 процент. Лукаревска најави дека ќе се зголемат субвенциите за земјоделците, а парите за рурален развојод 160.000 ќе бидат 200.000 милиони евра годишно. Развојната економија ги вклучува сите граѓани, ќе се креира амбиент за јакнење на претприемачкиот дух кај младите, за нив и за жените ќе се обезбедат грантови и до 15.000 евра, ќе се поддржат стартап компании за млади без административни трошоци. Новиот економски модел ќе овозможи на младите да останат и тука да се реализираат-појаснува Лукаревска. Државата им припаѓа на сите и е заедничка одговорност, вели Лукаревска.

На 15 јули одиме на избори и ќе победиме, исткна таа и додаде, нема враќање на тие што не знаат економија, нема враќање на тие што се против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните, зошто ги сакаат само за себе.

-Нема враќање на тие што блокираат се, па дури и кога здравјето на граѓаните е во прашање. Тие не знаат поинаку. Има кој знае, покажавме, а можеме и уште повеќе и уште подобро, истакна Лукаревска.

Слични содржини