Лукаревска: Преку 300 инспектори од УЈП се во сите подружници на КАМ маркетите

од Nikola Popovski

Повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во сите подружници на КАМ маркетите, поради утврдени неправилности. Согласно контролите на терен, имаме обврска да постапиме, вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во емисијата „Топ тема“ за почитување на мерките во трговијата во ланците продавници за прехранбени производи.

Директорката на УЈП додаде дека под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите.

Според Лукаревска, одредени производи не биле ставени во ставката „Г“, а кај одредени деловни единици утврдиле дека основните производи не се почитуваат до крај, пред се за такви големи даночни обврзници.

-Голем број поплаки се од потрошувачите. Што се однесува кај другите поголеми маркети, кај еден до две беа регистрирани неправилности и на лице место се сузбиени, информира Лукаревска.

 

Слични содржини