Лукаревска: Причината за техничката Влада беше режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, сега е непотребна

од Vladimir Zorba

Техничката Влада е само еден член од Договорот од Пржино во 2016 година, но треба да повториме зошто и како беше направена, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во Алсат. Таа повтори дека техничката влада е резултат на тогашното режимско владеење.

-Причините и причинителот за тогашната техничка Влада е владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, која пак сега кажува дека не е потребна техничката Влада.

Земја членка на НАТО и земја којашто се стреми да биде од европското семејство секако дека можеби е непотребно да има еден ваков институт како техничка Влада. Ние немаме никаков проблем да не постои техничката Влада. Таа сто дена пред избори се грижи за спроведувањето на изборите од технички аспект, но и за тоа се потребни законски измени, кажа Лукаревска.

Таа истакна дека во меѓувреме треба да се работи на изготвување на нов Изборен законик, пред претстојните претседателски избори во 2024 година, како и редовните парламентарни избори кои ќе следуваат потоа.

Лукаревска нагласи дека СДСМ ги почитува договорите, меѓу кои и оној од 2020 година кога се направи коалиционата Влада на тогашниот претседател на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети за технички премиер.

Слични содржини