Лукаревска: Приоритет на идната Влада ќе биде растот на платите

од Nikola Popovski

Обединувачкиот момент е заштитен знак на СДСМ и вратата партијата е отворена за сите кои ги делат социјалдемократските вредности кои имаат желба да се вложат во важните процеси кои се пред нас, порача вечерва заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостување во емисијата Економски магазин на Телевизија Алсат.

„Само силен, стабилен и единствен СДСМ е посакуван коалиционен партнер. Во самото раководство на партијата, како што напомена и претседателот Ковачевски, нема наши и ваши, туку има луѓе кои направиле нешто за да детектираме дека тие може да придонесат партијата и државата да одат напред и затоа нашата врата е отворена за сите. На новиот тим треба да му се даде шанса за да покаже дека има план визија и мисија како да ја развиваат СДСМ и државата“ истакна Лукаревска.

Во однос на идните предизвици, заменик претседателката посочи дека СДСМ и новата Влада паралелно ќе се посветат на два важни процеса, процесот на евроинтеграцијата и процесот на унапредување на животниот стандард.

„Приоритети на новото раководство на СДСМ и идната Влада предводена од Ковачевски ќе бидат од една страна европските процеси за да се реализираат нашите стартешки цели, а од друга страна да се подобри животниот стандард на граѓаните, преку нови мерки и политики, преку раст на платите и поддршка на ранливите категории граѓани. Генералната слика е дека е помогнато на повеќе целни групи и сметам дека не промашивме со нашите мерки и проекти, бидејќи дел од програмата на Владата веќе е реализиран.“ заклучи Лукаревска.

Слични содржини