Лукаревска: „Рамковните“ во УЈП ќе бидат ставени на тест, ние нема да ги галиме

од Nikola Popovski

„Веројатно ќе вработиме. Ние имаме недостаток на кадар. Имаше законско решение, соодветен план, сите бевме консултирани и ги разгледуваме можностите. Сите кадри во УЈП се во таа систематизација“, вели директорката на УЈП и потпретседател на СДСМ, Сања Лукаревска, одговарајќи на прашањето дали таа ќе прими „неквалификувани кадри“, односно рамковно вработените во институцијата, на чие чело е.

Според неа, сите такви лица ќе бидат ставени на тест и нема да ги галат луѓето во УЈП.

„Ако не се покажат резултати, тогаш ќе се поздравиме соодветно. Никој директор кој си ја сака институцијата, не би сакал дамки во работењето“, изјави Лукаревска за емисијата „24 анализа“.

Слични содржини