Лукаревска: Само обединети ќе придонесеме државата дa оди напред

од Берта Китинска

„Обединувачкиот момент е основата за да може ова општество да оди напред. Сите мора да допридонесеме, без разлика на партијата и да покажеме дека знаеме што правиме и дека сакаме да ѝ помогнеме на државата“ кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека луѓето ги дели на добри и лоши, а политичарите на тие што сакаат да ѝ помогнат на државата и такви кои знаат само за блокирање.

„Сепак, сите треба да имаме јасна визија за ситуацијата во која се наоѓа човештвото во овој момент со ковид-кризата, енергетската криза. Само со работа, заедно можеме да допридонесеме да се сменат некои принципи и перцепции за функционирањето на државата“ кажа Лукаревска.

Таа додаде дека потребно е сите заедно да направиме добро за државата, преку конструктивно вклучување и на опозицијата со цел да се разменат идеи, кои потоа ќе се применуваат во функционирањето на владата и државата.

Слични содржини