Лукаревска: Ставени сме на брза лента, уставните измени ќе поминат во Собранието

од Nikola Popovski

Директорката на УЈП и заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска порача дека за оваа година имаат највисок план да соберат приходи во вид на даноци.

-Ако правиме споредба со претходната година, имаме за 18,3% повеќе наплата на даноците. Сите сегменти овозможуваат да имаме солидни бројки. Има одредени забелешки од компаниите дека имаат проблем со ликвидноста. На дневна основа следиме како иде процесот на полнење на Буџетот. Компаниите има свои проблеми, права и обврски во однос на даноците. Се бараат соодветни решенија за да се помогне на било кој обврзник, рече Лукаревска.

Директорката на УЈП информира дека 22% од компаниите немаат исплатено плати во законскиот рок и тоа се податоци за месец јули.

-Ребалансот беше основата за да се помогне кон компаниите и за да се сузбие оваа криза. Имаме 2,2 милијарди денари за ДДВ, со одлука на Владата се доделија уште 50 милиони евра за ЕСМ… Во моментов разговараме и ќе информираме доколку има нов пакет мерки, кажа Лукаревска.

Таа додаде дека ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ преку апликацијата „МојДДВ“ од 1-ви јануари 2023 година.

-МојДДВ ги дава резултатите, рече директорката на УЈП.

Околу уставните измени, Лукаревска вели дека сега мораме да работиме и дома.

-Сите лаги за бугаризација и некаква асимилација се паднати во вода. Сега доаѓа таа следна фаза. Знам дека кај сите политички партии има голема волја и свест дека друга пција во моментов нема. Сега треба да ни се оствари и оваа цел. На брза лента сме ставени во кон европската интеграција, но не смееме да скокнеме од неа. Знаеме дека јазикот и историјата се забеторнирани. Убедена сум дека уставните измени ќе поминат во Собранието, децидна е заменик-претседателката на СДСМ во гостувањето на Тв Сител.

Слични содржини