Лукаревска: Времето на режимот е минато, денес со СДСМ ја живееме слободата

од Nikola Popovski

Кратово ја има шансата да се развива брзо со нов градски пазар, нов градски парк, простори за паркирање, изградба и реконструкција на патна и на комунална инфраструктура, Кратово, еден од најстарите градови на Балканот, има потенцијал да биде атрактивна туристичка дестинација, имаме плн за развој, можеме заедно да реализираме значајни проекти, немојте да дозволите да не кочат и да не блокираат, изјави заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска на средбите со граѓаните на Кратово.

Според неа, времето на режимот е минато, денес со СДСМ ја живееме слободата и градиме просперитетна иднина.

-Направивме големи промени, работиме за подобар живот во секое населено место, за уште повисоки плати и пензии, за шанса за младите да останат дома, сега е време заедно да го направиме најдоброто за државата и за сите нас. Социјалдемократскиот сојуз пред четири години го направи изборот за слобода, за демократија, за достоинствен живот за сите. Во недела вие го имате главниот збор, гласајте за Најдоброто, одберете 12, ја имате нашата гаранција, нашиот избор сте вие, граѓаните, рече Лукаревска.

Слични содржини