Лукаревска за „МојДДВ“: Едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во семејниот буџет

од Nikola Popovski

„На 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени вкупно 2.238.340.844 денари, односно 36,3 милиони евра како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки“, кажа денеска на прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Таа додаде дека благодарение на оваа мерка, едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во семејниот буџет.

Посочи дека за време на тешката економска и здравствена криза предизвикана од Ковид-19 преку „МојДДВ“ 5.537 граѓани својот поврат во износ од 5,8 милиони денари го донираа во здравствениот сектор.

„Сања Лукаревска денеска од прес конференција се фалеше за добрите економски политики, а во исто време над 60.000 луѓе за една година останаа без работа и 5.600 фирми ставија клуч на врата. Лицемерно е кога Лукаревска зборува за враќање на дел од ДДВ- то кај граѓаните, а во исто време поддржува донесување на кризен данок, со кој ќе земаат 54 милиони евра годишно од народот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Лукаревска наместо заштитник на народот, е заштитник на олигархијата.

Слични содржини