Лукаревска за МојДДВ: Ќе бидам поборник за зголемување на лимитот од 1800 денари

од Nikola Popovski

„Првата замисла  на МојДДВ беше да се вратат парите кај граѓаните и исто така да се бориме со сивата економија. Имаме анонимни дојави дека не се издаваат фискални сметки, по што излегуваме на терен и реагираме“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во емисијата „Жешко политичко лето“.

Според неа, ако макар 2% сме го намалиле процентот на сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен.

„Ќе треба мерката да се унапредува, односно да има зголемување на прагот од 1800 денари. Тоа што било ветување во предизборието секако дека ќе биде и реализирано. Ќе бидам најголем поборник да се зголеми лимитот од МојДДВ за едно тримесечје“, информира Лукаревска.

Слични содржини