Лукаревска: Заев ги свика седниците на партиските органи

од Nikola Popovski

Ќе видиме. Сега имаме седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата, кратко прокоментира потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска пред седиштето на партијата.

Според неа, има повеќе теми на разговор околу тоа што ќе се случува на седниците.

-За следните чекори на СДСМ и тоа што е актуелно околу партиското мнозинство, актуелната политичка состојба. Овие седници се токму на барање на премиерот и претседател на СДСМ. Се што имам ќе кажам на Извршниот и Цетралниот одбор. Ќе ги известиме медиумите за сите донесени одлуки, информира Лукаревска.

Седницата на Централниот одбор на СДСМ која ќе започне во овие моменти, беше одложена во вторникот поради тридневната жалост

Слични содржини