Лукароски за случајот со статусите на Фејсбук: Полиција ме барала во станот на мајка ми за да ме приведе

од Nikola Popovski

По објавата дека полицијата трага по десетина лица, кои правеле наводна изборна измама со тоа што на социјалните мрежи ги наведувале граѓаните да гласаат на неважечки начин, се огласи Ацо Лукароски, Претседател на П.О.Д. СДСМ-Торонто.

Тој соопштил дека вечерва во домот на мајка му дошла полиција за да го приведат.

„Причина: Споделување на фејсбук објава за поништување на гласачко ливче… Има милион работи за коишто нема да им простам, ама ќе го додадам и тоа што психички ја малтретирале мајка ми… Ова што го прави Наќе Чулев е одлична можност да се уверат граѓаните што ќе се случува со државата доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт“, напишал Лукароски.

По повод случајот со статусите на Фејсбук, денес на информативен разговор во полициска станица беше повикан директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски.

Слични содржини