Лукашенко: Белорусија разви вакцина против коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека земјата развила своја вакцина против коронавирусот.

– Вчера ја добивме вакцината во епрувета – белоруска. Поинаква, различна од онаа што ја купуваме денес. Она што лекарите го нарекуваат жива вакцина – рече Лукашенко, пренесе белоруската агенција БелТА.

Лукашенко потсети на негативните реакции што ги доби откако објави дека Белорусија има намера да развие своја вакцина. Тој исто така истакна дека не постои гаранција дека постојната вакцина ќе обезбеди заштита од нови видови на коронавирус, објави ТАСС.

– И денес имаме вакцини кои работат (произведени) во рамките на руските технологии и се купени од Кина. И утре, ние ќе ја адаптираме нашата вакцина, која веќе ја имаме во епрувета, на кој било иден вид на вирус. Кој знае што ќе се случи утре – рече Лукашенко.

Слични содржини