Лукашенко: Додека не се укинат санкциите и не сопре понижувањето на нашиот народ, нема да разговараме со Западот

од Vladimir Zorba

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја нема да разговара со Западот додека не се укинат санкциите.

– Додека не се укинат овие бесмислени санкции и не сопре понижувањето на нашиот народ, нема да разговараме со нив – рече Лукашенко, пренесува ТАСС, повикувајќи се на белоруската државна агенција БЕЛТА.

Лукашенко, исто така, изјави дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, побарал од рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз Белорусија со цел да се промени политиката на локалното раководство.

– Тоа е навистина недостојно однесување – оцени Лукашенко, додавајќи дека барањата на Западот кон Белорусија се неприфатливи.

Претседателот на Белорусија смета дека се можни преговори со Западот за проблемот со миграцијата, но дека условот е Западот да се откаже од политиката на санкции.

Лукашенко објави дека Путин ќе дојде во Белорусија на 15 октомври, на самитот на Комонвелтот на независни држави.

Слични содржини