Лукашенко: Доколку се активира НАТО, руските трупи ќе бидат во Белорусија за еден ден

од Nikola Popovski

Доколку се активира НАТО, руските трупи можат брзо да пристигнат во Белорусија, за само еден ден, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Како што нагласи, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, немало конкретни разговори за трансфер на руски единици или за формирање воени бази. Ваквите активности се предвидени со концептот на воена безбедност на Алијансата на Русија и Белорусија.

„Ако има некаква напнатост, ако забележиме дека се активираат во НАТО, сè додека не се случи воениот конфликт, во рок од еден ден, руските единици и трупите ќе бидат префрлени во Белорусија, за што се утврдени бази, аеродроми и други работи“, рекол претседателот, пренесува државниот портал „СБ. Белорусија денес“.

Белорускиот лидер посочи дека таквата опција е можна само во случај на влошување на воената состојба и додаде дека Западот нема право да ја прекори Белорусија за распоредувањето на руски војници.

„Вие пренесувате и формирате бази во Полска. Тие не ги гледаат проблемите кај нив, а нас почнуваат да нè убиваат во сите правци“, изјави претседателот.

Тој исто така додал дека Русија ќе и испорача модерно оружје на Белорусија и им наредил на официјалните лица да состават список со потребното оружје заедно со нивните руски колеги.

Путин и Лукашенко се состанаа во Сочи на 28 и 29 мај и ова е трета средба на двајцата лидери од почетокот на годинава.

Слични содржини