Лукашенко испрати остра порака поради акумулацијата на војници: „Сигнал до секој што го остри мечот“

од Vladimir Zorba

„Ова е сигнал до секој што го остри мечот на работ на белоруско-руските граници“, изјави Александар Лукашенко на состанокот со мировниот контингент кој ја заврши својата мисија во Казахстан, пренесе „РИА Новости“.

Контингент од силите на ОДКБ беше распореден во Казахстан на покана на претседателот Касим-Жомарт Токаев, кој побара помош од ОДКБ на 5 јануари, додека протестите поради поскапувањето на горивата прераснаа во немири и судири со безбедносните сили.

Во операцијата учествуваа војници од Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан.

Во четвртокот беше објавено дека мисијата на ОДКБ е успешно завршена, а вчера наутро мировниците од Ерменија и Таџикистан се вратија во своите земји.

Утрово членовите на рускиот контингент почнаа да го напуштаат Казахстан.

Слични содржини