Лукашенко ќе се кандидира по 6-ти пат за претседател: „Жена не може да биде лидер на Белорусија, имам добра причина за тоа“

од Nikola Popovski

Претседателот Александар Лукашенко изјавил дека жена не може да биде претседател на Белорусија затоа што општеството не е зрело за тоа.

Како што вели, според Уставот, претседателот има силна моќ, а жената не може да го стори тоа.

„Ние не сме Литванија, каде претседател беше Далија Грибаускаит, која дојде, се насмевна, седна и си замина. Таа не беше одговорна за ништо, бидејќи Литванија е парламентарна република“, објаснил Лукашенко.

Претстојните претседателски избори во Белорусија ќе се одржат на 9 август, а Александар Лукашенко ќе учествува на нив по шестипат, ветувајќи дека ќе поминат во фер и демократски услови. Засега, на списокот има 15 кандидати за претседател, а до 19 јуни групите треба да соберат 100.000 потписи за своите претставници, што ќе биде голем проблем за поединците.

Лукашенко победува петпати по ред, а и овој пат има големи шанси. Само во 1994 година тој морал да оди во вториот круг на гласање. Пред пет години, тој добил дури 83,49 проценти од гласовите, а второпласираната Татјана Короткевич само 4,42 проценти од гласовите.

Аналитичарите предвидуваат дека најсериозен противник на Лукашенко ќе биде Владимир Цепкало (55), кој бил амбасадор на Белорусија во САД пет години. Тој го основалбелорускиот парк за висока технологија, со кој управувал од 2005 до 2017 година. Цепкало излезе со концепт како да ја направи Белорусија земја на компјутерски технологии. На неодамнешната прес-конференција, тој рекол дека на Белорусија ѝ е потребна модернизација во сите сфери и проценува дека Белорусија не се развила во последните десет години.

Слични содржини