Лукашенко: Мора да се стави крај на конфликтот или Украина ќе биде целосно уништена

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко одговараше на прашања на руски новинари на маргините на самитот на Организацијата на договорот за колективна безбедност, кој се одржува во Ереван. Лукашенко изјави дека се неопходни преговори за да се стави крај на конфликтот во Украина, во спротивно Украина ќе се соочи со целосно уништување, пренесува белоруската агенција Белта.

„Сè е во рацете на Украина. Не го велам ова затоа што сакам Зеленски или Украина сами да се справат со оваа ситуација. Навистина, сега сè е во рацете на Украина“, одговори белорускиот лидер на прашањето дали на самитот се разговарало за мировен договор со Украина.

Тој додаде дека ситуацијата во Украина не била главна тема, туку само попатно се споменала.

Лукашенко навел дека ако Украина не сака луѓето да умираат, тогаш конфликтот мора да престане.

„Тешко е, тешко е, болно е, но мора да го направат тоа ако сакаат да се опорават. Тоа мора да се запре. Затоа што во спротивно ова ќе биде целосно уништување на Украина. Тоа нема да биде губење на државноста, нешто што го рече претседателот Путин долго пред операцијата. Тоа ќе биде уништување на Украина. Тоа мора да се запре“, убеден е тој.

Слични содржини