Лукашенко на својот митинг: Не ја давам Белорусија ни мртов

од Vladimir Zorba

Повторувањето на изборите би значело смрт на Белорусија како држава, рече денеска на митингот во Минск, претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко.

„Раководството на НАТО бара од нас да одржиме нови избори. Ако ја исполниме нивната желба, тоа би било смрт за нашата држава“, рече Лукашенко, пренесува ТАСС.

Претседателот рече дека нема да дозволи предавање на Белорусија дури и по цена на сопствениот живот, а во очите му се забележани и солзи.

„Заедно со вас, и покрај сите тешкотии и проблеми, ние изградивме прекрасна земја. На кого решивте да ја предадете? Ако некој се обиде да ја предаде оваа земја, јас ќе се спротивставам, дури и мртов“, рече Лукашенко.

Потоа клекна во знак на благодарност пред своите приврзаници кои се собраа на плоштадот Независност во Минск.

„Ви благодарам. За прв пат во мојот живот, јас сум на колена, пред вас. Вие го заслужувате тоа“, заврши Лукашенко.

Слични содржини