Лукашенко: Не ги терам граѓаните да носат маски

од Nikola Popovski

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека никогаш не бил против носење заштитни маски, но и дека никогаш нема да ги принудува граѓаните да ги носат.

„Никогаш не сум бил против маските, но само лекарите имаат култура да ги носат“, рече претседателот за време на посетата на болницата во регионот Гродно.

Шефот на белоруската држава додаде дека граѓаните по правило не ги почитуваат сите мерки на претпазливост и препораки при носење маски, поради што, како што вели, нивното носење не е ефективно.

Но, според него, правилното почитување на режимот на маски е корисно, но посочува дека нема потреба да се принудуваат граѓаните да ги носат.

„Моето цврсто барање е да не присилувам никого“, објасни белорускиот лидер.

Тој додаде дека претставниците на белоруската опозиција почнале да го нарекуваат „ковид-дисидент“ по неговите неодамнешни изјави за вакцинација и режимот на носење маски.

Слични содржини