Лукашенко не се грижи за коронавирусот: Игра хокеј и ги советува граѓаните да пијат вотка и да одат во сауна (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Додека повеќето земји во светот преземаат остри мерки за борба против коронавирусот, во Белорусија на луѓето им се советува да пијат вотка и да одат во сауни, пренесува Скај Њуз.

Во текстот се посочува дека земјата, а особено нејзиниот претседател, Александар Лукашенко, ја отфрлија загриженоста за епидемијата и дека фудбалските натпревари продолжуваат како во нормална ситуација.

Не се планира откажување на фудбалскиот шампионат во Белорусија, а се наметнуваат неколку мерки на социјално дистанцирање, додека на гледачите на одредени стадиони им се мери температурата пред да им се дозволи да влезат.

Малкумина фанови се одлучија да носат маски.

Скај њуз пренесува дека самиот Лукашенко покажал дека е вљубеник во спортот, па учествувал во саботата на хокејарски натпревар, тврдејќи дека „спортот е најдобриот лек за вирусот“.

„Подобро е да умреш стоечки на нозе отколку да умреш на колена“, рекол Лукашенко.

На прашањето дали нешто може да го спречи да игра хокеј, тој рекол: Можно е, но зошто? Не разбирам Тука нема вирус “.

Лукашенко го прашал известувачот дали видел како вируси летаат наоколу.

„Ниту јас не ги гледам. Ова е фрижидер“, објаснил белорускиот претседател.

Во Белорусија, со население од 9,5 милиони жители, досега се потврдени 94 случаи на коронавирус.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ја намалува потребата за социјално дистанцирање во една од ретките земји што презедоа неколку мерки за борба против вирусот.

Во последните неколку недели тој посочи дека граѓаните на Белорусија треба да пијат 50 милилитри вотка на ден како превентива од вирусот, но не на работа, совет што е целосно во спротивност со препораките на Светската здравствена организација, соопшти Скај њуз.

Тој исто така тврди дека редовните посети на сауна, работење на отворено и појадок навреме се најдобрите начини да останете здрави.

Тој ги нарече строгите мерки воведени од други земји, вклучително и соседна Русија, „неконтролирани и психотични“.

Слични содржини