Лукашенко: Нови избори не доаѓаат во предвид

од Vladimir Zorba

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека нема да има нови претседателски избори во таа земја и дека тие не доаѓаат во предвид.

„Вие нема да доживеете да го видите денот кога ќе направам нешто под притисок. Нема да има повторно избори, затоа што во тој случај, нема да има фабрики, нема да има плантажи. Сè ќе биде уништено за половина година“, рече Лукашенко, пренесува ТАСС.

Тој денеска ја посети фабриката за тркала и во таа прилика рече дека има информации дека сите фабрики во земјава работат нормално.

Неколку стотици демонстранти се собраа пред портите на фабриката за време на неговата посета, држејќи транспаренти со кои се бара негова оставка.

Слични содржини