Ако Европската унија сака проблеми поради санкциите против Минск, тие ќе ги добијат, порача претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

„Едноставно ќе кажам за да ме разберете: ако Европејците сакаат проблеми дома поради овие санкции, тие ќе ги добијат. Нема да кажам ништо повеќе. Времето ќе покаже. Само едно ве молам, дајте ми информации за најголемите европски проекти во нашата земја и компаниите што се отворени на територијата на Белорусија. Да ја видиме нивната работа. Главната работа е ништо да не остане без одговор“, рече Лукашенко за време на разговорите со премиерот Роман Головченко.

Како што нагласи шефот на државата, тој секогаш го поставува прашањето, кому му се потребни овие санкции и зошто.

„Слушајте, ние ја штитиме нашата земја. Ние, целиот народ, сакаме да живееме во нашата земја. Ние ја браниме. И тогаш не удрија по глава со санкции за тоа? Затоа треба да одговараме“, додаде претседателот.

Европската унија објави трипати списоци за санкции за Белорусија: на 2 октомври, 6 ноември и 17 декември минатата година. Тие вклучуваат 88 лица и седум организации. Претседателот Александар Лукашенко е додаден на „црната листа“ во вториот пакет.

Слични содржини