Лукашенко: Постоеле три сценарија за моето убиство, милиони долари, снајперист…

од Nikola Popovski

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, откри дека луѓето што го планирале пучот во земјата разгледувале неколку сценарија за неговото убиство – на парадата на Денот на победата на 9 мај, нападот врз колона возила и резиденцијата надвор од градот.

„Заговорниците разработија неколку сценарија. Првично, тие планираа да го ликвидираат претседателот на парадата на 9 мај. Сепак, тешко е да се замисли дека вакво нешто се реализира во Белорусија, па затоа се откажале од првичната идеја. Потоа размислувале за напад врз колона возила. За да го реализираат тоа, тие купиле и префрлиле минофрлачи во Белорусија … Сепак, дури и тоа сценарио не би им одговарало: од безбедносни причини, автомобилите во претседателската колона се движат со голема брзина и веројатноста да бидат погодени е многу мала“, рекол Лукашенко, пренесува агенцијата „Белта“.

Според третото сценарио, вооружените напаѓачи требало да ја нападнат неговата резиденција надвор од градот, каде што, како што наведе, биле издвоени 10 милиони долари за уништување на резиденцијата и претседателот, а еден милион за снајперистот.

„Тоа ни е познато одамна. Дали мислите дека ние ја спроведувавме оваа операција со Москва одвреме-навреме? Ние ги следевме, требаше да дојдат во Минск и да ја извршат операцијата. Но, штом се појави тој филм („Манкурти“, за тоа како странските служби имале намера да создадат мрежа во Белорусија), тие слушнле: „Не, не одиме во Минск. Каде одиме? Во Москва.Го контролиравме секој нивен чекор“, рекол белорускиот претседател.

Тој исто така соооштил дека меѓу учесниците во заговорот бил соработник на белоруската специјална служба, кој имал улога на „генерал кој се продал себеси“.

„Тоа беше наш агент. Браво. Фала му, многу ни помогна, не се исплаши. Тие сакаа да соберат војска преку него“, рекол Лукашенко.

Исто така, учесниците во заговорот планираа да го блокираат Минск со помош на армијата, со сите вооружени сили во него – Министерството за внатрешни работи, армијата, КГБ и да успеат да предизвикаат конфликт меѓу нив, што би довело до граѓанска војна во Белорусија, каква што би немало во ниту една друга земја, истакнал претседателот.

Нивната намера беше исто така да ја оневозможат работата на електроенергетскиот систем во земјата.

Да потсетиме, Лукашенко на 17 април објави дека опозиционерот Григориј Костушев, политикологот Александар Федута и адвокатот Јуриј Зенковиќ планирале да го убијат него и неговите синови.

Тој ги обвини американските разузнавачки служби и американското раководство за организирање на обидот за атентат. Според зборовите на директорот на КГБ на Белорусија, Иван Тертел, пучот бил планиран за јуни или јули оваа година.

Слични содржини