Лукашенко: Проташевич е практично слободен и може да ја работи својата работа

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот опозициски блогер Роман Проташевич практично е слободен и може да се врати на работа, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на денешниот брифинг со новинарите.

„Погледнете го, на пример, Проташевич. Тој сега е практично слободен и може да се врати на својата работа“, рече белорускиот лидер.

Тој додаде дека претходно добил информација дека во Украина се формираат кампови за обука за да примаат белоруски државјани да бидат обучени за екстремистички активности, пренесува ТАСС.

Според него, Проташевич бил на едно слично место во Украина.

– Тој не е екстремист, ние го проучивме сето тоа. Важно е да знаеме дека не пукал и дека не убил никого – додаде Лукашенко.

Авионот на Рајанер, кој леташе од Атина за Вилнус, беше принудно да слета на Меѓународниот аеродром Минск на 23 мај по пријава за наводна бомба.

По слетувањето, авионот бил прегледан и во него не била пронајдена бомба, но белоруските служби го уапсија Проташевич.

Слични содржини