Лукашенко: Русија ќе ѝ помогне на Белорусија во производството на ракети

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Москва се согласила да му помогне на Минск во производството на ракети, вклучително и онаа слична на рускиот „Искандер“, пренесе денеска агенцијата „Белта“.

На состанокот на претставниците на одбраната, Лукашенко рече дека настаните во Украина ја покажале важноста на постоењето на војници со модерно, високо ефикасно оружје и залихи, нагласувајќи ја важноста на логистиката, пренесува „Ројтерс“.

Путин ја поддржа идејата руските експерти да ги согледаат можностите на Белорусија во таа област.

Слични содржини