Лукашенко: Студентите кои протестираат треба да бидат избркани од факултетите и да се пратат во војска

од Nikola Popovski

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека студентите кои учествуваат во неодобрените протести на опозицијата треба да бидат избркани од факултетот и да бидат испратени во војска или на улица.

„Студенти, ако дојдовте да студирате, тогаш студирајте, кој сака да учи, нека учи. Кој го крши законот со учество во неовластени протести треба да биде лишен од правото да биде студент. Испратете ги во војска или на улица. Нека шетаат по улиците, но тие мора да бидат избркани од факултетите“, вели Лукашенко, а истото важило и за професорите.

Лукашенко има сличен пристап кон вработените во државните компании кои одговорија на повикот за штрајк – тој нема да ги моли.

„Кога станува збор за повиците (од белоруската опозиција) од Полска и Литванија за ултиматумите и штрајковите, вчера му реков на премиерот да не прашува никого, ниту работниците, ниту студентите, лекартеи, наставниците или вработените во државните институции“, вели претседателот на Белорусија.

Во недела, на 25 октомври, истече рокот за „ултиматумот на народот“ што кандидатот на претседателските избори, Светлана Тихановскјаа, претходно го постави пред властите на земјата. Таа изјави дека, доколку барањата на опозицијата не бидат исполнети до 26 октомври, сите компании во земјата ќе започнат генерален штрајк.

Лукашенко додал дека сега е моментот „кога секој треба да избере по кој пат ќе тргне во својот живот“.

Како што соопштил, организаторите на протестот заснован врз принципот на „обоени револуции“, веќе поминалениз седум или осум фази, а радикализацијата што е во тек останува.

„Тие започнаа не само информативна војна против нас, туку и терористичка војна во одредени насоки. Ние мора да го скратиме тоа“, заклучил тој.

loading...

Слични содржини