Лукашенко за демонстрантите: Се однесуваат дрско, но ја променивме тактиката!

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави дека националните власти ја промениле тактиката во врска со демонстрантите кои учествуваат на митинзите во Минск против официјалните резултати од претседателските избори одржани на 9 август.

„Лошо е што талкаат низ Минск, лошо е што се однесуваат дрско. Меѓутоа, ја променивме тактиката. Секој од нив ќе го најдеме мирно. Современите технологии го овозможуваат тоа и го правиме тоа. Секој ќе одговара за своите дела. Не се заканувам. Ние работиме во таа насока“, истакнал тој.

Лукашенко исто така подвлече дека протестите влијаат на мислењата на луѓето кои разбираат што можат да изгубат.

Жителите на Минск изјавуваат во медиумите дека е невозможно да се заспие или да се изнесат децата надвор и дека се исплашени, навел тој.

„Со други зборови, луѓето видоа што можат да изгубат и го споредија мирниот Минск со Минск кој ечи дури и во недела“, заклучи Лукашенко.

Слични содржини